Уште еден вкусен рецепт од вештите раце на нашата пријателка Виолета. Бомбици од мелени кикирики. Едноставни за приготвување, а феноменални на вкус. Очекуваме да ни пишете како ви се допаднаа.
Бомбици од мелени кикирики
By April 1, 2013
Published:Уште еден вкусен рецепт од вештите раце на нашата пријателка Виолета. …
Ingredients
- 500 г печени мелени кикирики (околу 350 гр за смесата а остатокот за пепелење на бомбиците)
- 300 г мелени бисквити
- 5 жолчки
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 200 г шеќер во прав
- 250 г маргарин
- 100 мл сок
Instructions
- 1.Со миксер се матат жолчките заедно со шекер во прав, едно пакетче ванилин шекер и 250 г маргарин.
- 2.Потоа се додаваат кикириките, бисквитите и 1 дл сок (по желба).
- 3.Се размешува добро со миксерот па од смесата се прават бомбици. Се пепелат во мелени кикирики.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна