На мераклиите на енергетски плочки оваа наша комбинација сигурно ќе им се допадне. Идеални за оние кои постат, а не сакаат да се лишат од нешто вкусно и слатко. Во смесата можете дополнително да додадете и крупно исечкано јаткасто овошје или парчиња од било какво суво овошје.
За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа
Бонжита плочки

By April 15, 2013
Published:- Prep: 10 mins
На мераклиите на енергетски плочки оваа наша комбинација сигурно ќе им …
Ingredients
- 200 г чоколадни мусли
- 40 г експандиран интегрален ориз
- 100 г стабилизирани пченични никулци Виталиа
- 200 г ливадски мед Виталиа
- 60 мл ладно цедено сончогледово масло Виталиа
- 100 г диет како крем со фруктоза Виталиа
Instructions
1.Сомелете ги (истолчете) ги муслите, а потоа додадете ги другите состојки и добро измешајте. Какао крем таблата исечкајте ја на ситни парчиња и додадете ја во смесата.
2.Плиток пластичен сад со форма на правоаголник обложете го со пластична фолија. Распоредете ја смесата врз фолијата, израмнете ја и ставете ја во фрижидер да отстои неколку часа додека смесата не се стегне.
3.Извадете ја смесата од кутијата, отстранете ја фолијата и исечете плочки. Забелешка: Овие состојки се доволни за 25 плочки.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна