Иако на Вале отсекогаш и се допаѓале „Bounty“ чоколатцата, сметала дека се претерано слатки. Но оваа најнова верзија на „Bounty“ чоколатца, обложени со црно чоколадо, се совршени според неа…

„Bounty“ чоколатца

By Валентина Крстевска Published: January 11, 2014

    Иако на Вале отсекогаш и се допаѓале „Bounty“ чоколатцата, сметала дека се …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1..Се раствора густинот со шеќерот, ванилата и малку млеко. Остатокот од млекото се загрева и во него се додава смесата со густинот. Се вари густ крем,се додава кокосот, убаво се промешува да се изедначи смесата, се покрива со најлонска фолија и се остава да се излади.
    2. 2.Се мати пенасто путерот и во него лажица по лажица се додава од оладениот крем.
    3. 3.Оваа смеса се распоредува во правоаголен сад,се остава 2-3 часа во фрижидер, а потоа се сече на правоаголници или со калапче се вадат овални форми. Исечените колачиња се замрзнуваат 1-2 часа.
    4. 4.За чоколадната газура се става чоколадото со маслото за јадење во сад над пареа,се загрева додека целосно да се стопи чоколадото и додека е уште врело во него се чоколадираат замрзнатите колачиња.Поради големата разлика во температурата на колачињата и глазурата, таа веднаш се зацврстува, затоа веднаш откако ќе бидат чоколадирани, колаченцата поставувајте ги на хартија за печење. Доколку има нерамни рабови од чоколадото околу колачињата, исечете ги со остар нож.