Секоја комбинација со јаболки ја обожаваме. Овособено оваа. Направивме супер вкусен десерт со готови кори и јаболка кој мора и вие да го пробате. Добар апетит и пишете ни за тоа како ви се допадна :)

Бовчи со јаболко

By Мама Лиле Published: April 17, 2014

    Секоја комбинација со јаболки ја обожаваме. Овособено оваа. Направивме …

    Ingredients

    Instructions

    1. Фил1..Јаболката се лупат и се сечкаат на тенки ливчиња. Доколку не се прскани, тогаш нема потреба тие да се лупат. Јаболката се сечкаат на тенки ливчиња затоа што вака сечкани тие не пуштаат толку многу сок, а испечените бовчи се суви и крцкави. За да не потемнат, се прскаат со сок од 1 лимот, потоа кон нив се додава 1 лажичка цимет и сето тоа добро се меша.
    2. Кори2.За една бовча потребно е половина од танките кори. За таа цел сите кори одеднаш, се сечат на половина (од подолгата страна) и се префрлаат едни врз други (за да не се сушат).
    3. Фил врз кората3.Се зема една кора и со помош на четка, се премачкува со масло, се превиткува на половина. Горната страна повторно тенко се премачкува со масло.
    4. Подготовка на бовчите4.На средината се става 1 полна лажица од јаболката, врз нив се става малку од сувото грозје, ½ лажичка шеќер и ½ лажичка лебни трошки. Долниот дел се префрла преку филот, врз неа се префрла горниот дел, а левата и десната страна се превиткуваат навнатре под бовчата. На ист начин се постапува со секоја половина од корите. Се добиваат околу триесетина бовчи.
    5. Испечени бовчи со јаболко5.Бовчите се редат во тепсија обложена со хартија, се премачкуваат со тенок слој масло, и со помош на шприцалка се прскаат со малку вода. Вака приготвените тепсии (со оваа доза се полнат две тепсии) се стават во загреана рерна на 220 С и се печат околу 10-15 минути (во зависност од јачината на шпоретот) додека малку заруменат. Се вадат од рерна се оставаат малку да се оладат, се посипуваат со шеќер во прав и се сервираат