Бриошите се прават на ист начин како и лебот, но нивната текстура повеќе потсетува на пециво, токму поради тоа што се правата со јајца, путер и млеко кои им даваат побогат вкус. Станува збор за познат француски специјалитет, кој импресионира и со својот изглед и вкус.

Бриоши

By Мама Лиле Published: October 19, 2015

    Бриошите се прават на ист начин како и лебот, но нивната текстура повеќе …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во садот во кој ќе се меси тестото се става сите состојки (брашното, квасецот, млекото, шеќерот, солта и омекнатиот путерот и се замесува тесто. Тестото се меша (меси) со дрвена лажица или со миксер и при тоа се добива релативно меко тесто кое се лепи за рацете. Садот со тестото се покрива со пластична фолија и се остава во фрижидер преку ноќ. Утредента, тестото е оладено и сосема малку нараснато затоа што температурата во ладилникот не му овозможува повеќе да нарасне, но тоа не е никаква грешка, дури така треба да биде. Понатаму може да се постапи на два различни начини.
    2. 2.Првиот е да се добијат мали бриоши, а вториот е да се испече една цела векна, како леб. Доколку сакате да добиете оригинални бриоши, ладното тестото (сега веќе помалку е лепливо) се дели на 12 дела и со помош на набрашнета рака се формираат топчињата. Од секое топче се издвојува по едно мало парче тесто и од него се прави мало топче. Поголемото топчето се става во калап (може во оние за мафини), на горниот дел, со прст се прави дупче и во него се сместува малото топче.
    3. 3.Доколку сакате да направите векна, што е поедноставно, ладното тесто кратко се меси со набрашнети раце и се формира векна која се сместува во соодветно длабоко тавче (долгнавесто или тркалезно – зависи какво имате).
    4. 4.И во двата случаи, калапите со бриошите или тавата со векната, се покриваат со фолија (или памучна крпа) и се оставаат во топла просторија да нараснат. По скоро еден саат, киснатите бриоши се вадат од рерната, таа се вклучува на 200 С, а нараснатите бриоши (или векна), се премачкуваат со жолчка во која е додадено малку млеко, се посипуваат со шеќер. Откако рерната е загреана се ставаат бриошите да се печат. Испечени се по приближно 20 минути или додека поруменат.