Брокулата (лат. Brassica oleracea italica) е во блиско сродство со карфиолот, кељот, блитвата, репката и кинеската зелка. Во 16-тиот век започнало нејзиното одгледување во Италија и Франција, а нејзиното име потекнува од италијанскиот збор “броко“ што значи младо растение. Најчесто на пазарите можеме да ја најдеме во зелена боја, иако постојат и виолетови и бели варијанти.

Енергетската вредност на 100 г варена брокула е само 35 калории, а содржи и 2 г протеини со доста висок процент на аминокиселини и 3 г диетални влакна. Од останатите нутриенти застапени се витамините Б1, Б2, Б3, Б6, магнезиум, калиум и цинк.

Познато е дека стресот делува на падот на имунитетот со што напиот организам станува подложен на различни вируси. Едно неодамнешно истражување извршено во Велика Британија покажало дека со конзумирање на брокула е можно скоро во потполност да се елиминираат штетните последици кои ги предизвикува стресот. Ваквото позитивно делување се припишува на сулфорафанот, кој освен во брокулата, го има и во карфиолот, зелката и кељот.

Брокулата е и одличен антиоксидант, па поради богатството на диетални влакна и својот хемиски состав поволно делува и на варењето. Помаѓа во спречување на појавата на очна мрежа и на срцеви болести. Значи, ако сакате да бидете здрави или пак да изгубите од телесната тежина, во исхраната задолжително треба да ја вклучите брокулата.

Еве неколку причини зошто е добро брокулата да се воведе во редовната исхрана. Хемикалиите кои се наоѓаат во неа, како и во карфиолот и зелката, можат да ја поттикнат регенерацијата на клетките и да ги спречат да станат канцерогени. Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на брокула сварена на пареа го намалува ризикот од срцеви удари на тој начин што го ја поттикуваат способноста на телото да се бори против оштетените клетки.

Брокулата содржи и повеќе витамин Ц од портокалот. Витаминот Ц е одличен во борбата против инфекциите и во одржувањето на срвените крвни клетки, а одлично делуна и на косата, кожата и забите. Уште една супер карактеристика на брокулата е што содржи еднаква количина на калциум како и една чаша млеко, а калциумот ја регулира работата на срцето и го подобрува спиењето. Брокулата е и добар извор на фолати, а фолната киселина е потребна за поризводството на нови клетки, па затоа се препорачува за трудниците. Исто така, брокулата е богат извор на железо, кое е важна состојка на хемоглобинот и е потребен за пренесувањето на кислородот во телото. Брокулата е добар извор и на витаминот К, кој е потребен за одржување на цврстината на коските, и игра клучна улога во правилниот развој на фетусот.

Ако имате намера да го намалите внесот на јаглехидрати во телото, брокулата сигурно треба да биде вклучена во вашата исхрана. Таа одлично делува и при изградбата на мускулна маса и при губеењето на маснотии.

Што се однесува до чувањето на брокулата, потребно е да се знае дека и кога е исчистена и кога не е, доста брзо се расипува. Затоа, треба да се чува во фрижидер и тоа во затворена пластична ќеса, најмногу до 4 дена, но немојте да ја ставате во фрижидерот ако е тукушто измиена и влажна, туку оставете ја прво да се исцеди и исуши. Инаку, брокулата можете и да ја замрзнувате.