Постојат еден мал милион рецепти за приготвување на оваа позната италијанска закуска. Просто кажано можете да искористите речиси се што ќе ви се најде во фрижидер. Основата е фино запечено лепче, а потоа што ќе оставите одозгора е прашање на личен вкус и кулинираска фантазија. Нашата денешна комбинација е моцарела, сланина и печено ситно сечкано пиперче.

Брускети со моцарела и сланина

By Гастронаут Published: April 1, 2014

    Постојат еден мал милион рецепти за приготвување на оваа позната …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.На тивок оган пропржете ја сланината додека не стане крцкава. Исцедете ја на кујнска хартија.
    2. 2.Исечете го багетот на парчиња со дебелина од 2см. Секое парче премачкајте го со маслиново масло.
    3. 3.Ставете ги во грил тава на неколку минути. Истото направете го и со ситно исечканата пиперка.
    4. 4.Секое лепче потоа од обете страни добро протријте го со бело лукче.
    5. 5.Ставете ги печените пиперчиња, парченцата сланина и малку моцарела одозгора.
    6. 6.Вака спремените лепчиња одат во рерна на неколку минути додека не се стопи моцарелата.
    7. 7.Послужете ги во убава чинија со декорација од свеж босилок.