Овие брускети се направени од лепче кое за приготвување не бара месење. Ставете ги сите состојки, замешајте, оставете да одстои и печете. Веднаш штом е готово отворете си некоја соина паштета по ваш вкус и добивате одличен појадок или можеби вечера.
За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа
Брускети со соина паштета

By April 29, 2013
Published:- Prep: 18 mins
- Cook: 45 mins
- Ready In: 1 hr 3 mins
Овие брускети се направени од лепче кое за приготвување не бара месење. …
Ingredients
- 150 г интегрално пченично брашно (Виталиа)
- 350 г бело брашно
- 400 мл вода
- 1 свеж квасец
- 1 кафена лажичка сол
- ½ кафена лажичка Демерара кафеав шеќер (Виталиа)
- паштета од соја (Виталиа)
Instructions
1.Во подлабок сад измешајте ги сите состојки (квасецот не мора да е стасан, но би било добро да го растопите во вода за да може подобро да се измеша).
2.Покријте го садот со пластична фолија и влажна кујнска крпа и оставете ја смесата да стои најмалку 15 часа. Најдобро е да го замесите од вечер, а да го печете следниот ден. Можете да ја чувате смесата и во фрижидер, но извадете ја околу 2 часа пред да го печете лепчето.
3.Металното подлабоко тенџере со капак во кое ќе го печете лебот ставете го да се загрева во рерната на 220 степени. Откако ќе се загрее добро, извадете го тенџерето и истурете ја смесата за лебот директно во него.
4.Затворете го капакот и печете околу 30 минути. Потоа тргнете го капакот и печете уште 15-20 минути на отворено за да добие убава боја.
5.Извадете го лепчето, завиткајте го во сува кујнска крпа и оставете го да се олади добро пред да го сечете.
6.Послужете ги брускетите намачкани со паштета, и додадете малку маслинки или свежи домати од страна. Забелешка: Лепчето направено од овие состојки тежи околу 750 г.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна