Колку состојки толку различни типови на брускети. Можете да користите буквално било што. Ние за денес ви предлагаме вегетаријански со печурки, кои се одлични за мезење пред ручек. Печурки купивме, имавме при рака стар багет, искористивме уште нешто ситно што ни се најде при рака и тоа е тоа.

Брускета со печурки

By Гастронаут Published: April 16, 2014

    Колку состојки толку различни типови на брускети. Можете да користите …

    Ingredients

    Instructions

    1. Сечкани печурки1.Добро измиените печурки ги сечкаме на мали парченца и ги ставаме во тава за пржење. Додаваме маслиново масло и малку лукче, сол, пипер и црвен пипер и динстаме неколку минути.
    2. Печени лепчиња2.Багетот го сечеме на кришки со средна дебелина и ги потпекуваме во рерна неколку минути додека не станат крцкави.
    3. Лепче со лукче3.Секое лепче потоа од обете страни го триеме со бело лукче и наливаме малку маслиново масло.
    4. Фил од печурки4.На секое лепче ставаме по малку од веќе подготвениот фил со печурки.
    5. Готови брускети со печурки5.Одозгора наросуваме пармезан и декорираме со парченца свеж босилок.