Со потекло од мочуришните предели и шуми од Северна Америка, брусницата (Vaccinium macrocarpon), денес се одгледува скоро секаде во светот.

Расте на грмушка со темнозелени листови и висина од 10 до 40 сантиметри со мали зеленикави плодови, кои кога ќе созреат ја добиваат добропознатата темноцрвена боја.
Брусницата е исклучително отпорна на ладни температура и мраз (може да поднесе дури до -40°C), а е распространета од краевите со умерено континентална клима, па се до арктичкиот круг.

Плодовите на брусницата се користат во народната медицина уште од 16-от век, што и не чудо, бидејќи содржат голем број на витамини, минерали, антиоксиданти и органски киселини.

Брусниците се одличен иѕвор на витамин Ц, кој е важен ѕа синтезата на колаген и карнитин, како и за метаболизмот на масните киселини, и е еден од најсилните антиоксиданти меѓу витамините.

Ги чуваат очите и штитат од рак

Брусниците се богати со антиоксидантите антоцијанин и проантоцијанин, за кои се смета дека помагаат во чувањето на здравјето на очите.

Антиоксидантите учествуваат во превенцијата на различни болести, од срцеви заболувања до различни видови на рак, а познато е и дека помагаат во зачувувањето на младешкиот изглед.

Добро е познато и делувањето на брусницата во лечењето на уринарни инфекции.

Извршените научни испитувања покажале дека состојките на брусницата, како фруктозата, и проантоцијанинот, го спречуваат развојот на бактерии како што е Escherichia coli, а делуваат и на здравјето на жолчниот меур и мокрачниот тракт.
Брусницата е особено добра за спречување на растот на бактерии кај непцата и кариес, а чајот од овие плодови помага при реума.
Бидејќи е преполна со антиоксиданти, брусницата служи како превенција на срцеви болести, ја зголемува отпорноста на организмот и го спречува предвременото стареење.

Лековитите дејства на брусницата:

  • штити од уринарни инфекции
  • го спречува развојот на бактерии
  • ја зголемува отпорноста на организмот
  • штити од неколку видови на рак
  • го чува здравјето на очите
  • помага при реума
  • штити од кариес и болести на непцата

Примена на брусниците

Од брусниците може да се направи сируп и мармалад, сок, се користат во колачи, торти и други десерти, може да се исушат, а може и да се замрзнат свежи, иако во овој случај губат дел од своите нутритиенти.

Од брусниците може да се направи вкусен чај, а неговата подготовка е многу едноставна.

Една кафена лажичка плодови ставете ја во врела вода, поклопете и оставете да отстои 5 до 10 минути. Потоа процедете го чајот и испијте го додека е топол.
Чајот од брусница се пие против реуматични болки, и како превенција за болести на крвните садови и туморски заболувања.
За лечење на повратни уринарни инфекции се користи сув екстракт на брусница во прав, капсули или таблети.
Од брусниците може да се направи и свеж, неразреден сок кој се пие во количина од 500 мл, два пати во денот. За спречување на наслаги на забите и кариер, добро е да се пие напиток од 3 делови сок од брусници и 7 делови вода.

Брусницата не се препорачува на лицата кои пијат лекови против згрутчување на крвта.