Ако во последен момент ви се најавиле гости, па се чудите и туфкате што дома нема ништо благичко, не грижете се. Еве еден прекрасен рецепт кој можете да го спремите за 10 минути. А толку е чоколадест што сигурно сите ќе испопаднат во несвест :)…

Брз чоколаден мус

By Гастронаутка Published: March 28, 2013

  • Prep: 10 mins

Ако во последен момент ви се најавиле гости, па се чудите и туфкате што …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Искршете го чоколадото на парчиња и ставете го да се растопи на пареа или во микробранова печка. Кога целосно ќе се истопи, тргнете го настрана и оставете о малку да се подолади.
  2. 2. Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додека смесата не стане светла, а потоа додадете ги какаото и растопеното чоколадо и добро измешајте.
  3. 3.Во подлабок сад изматете ја слатката павлака, а потоа малку по малку додавајте во садот со чоколадната смеса и нежно мешајте. Оставете ја смесата да отстои во фрижидер барем 1 час пред да ја послужите.
  4. 4.Извадете ја смесата од фрижидерот 15 минути пред да ја послужите и украсете со уште малку шлаг и рендано чоколадо.