Овој рецепт излезе од љубопитност, бидејќи ме интересираше дали може Фантот за сарми да се употреби и на овој начин, и да ви кажам, резултатот беше супер!
Брза мусака
By June 19, 2013
Published:Овој рецепт излезе од љубопитност, бидејќи ме интересираше дали може …
Ingredients
- 5-6 поголеми компири (зависи од тавчето)
- 350 г мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 ФАНТ за полнети пиперки и сарми
- малку масло
- малку црн пипер
- 100-150 мл вода
- 50 г кашкавал
Instructions
- 1.Меленото месо ставете го да се запржи заедно со ситно исецканиот кромид (околу 10-тина минути).
- 2.Растворете ја содржината на Фантот за пиперки и сарми на страна како што е дадено на упатството, а потоа измешајте го испрженото месо со неа.
- 3.Компирите исецкајте ги на кругови, намачкајте го тавчето за печење со масло и наредете еден слој компири.
- 4.Врз него истурете ја смесата со мелено месо и Фант, па пак наредете слој компири. Посипете малку масло и околу 100 мл вода одозгора и печете во загреана рерна на 200 околу 40 минути.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна