Ова е една од веројатно најомилените пити на нашата пријателка Славица Наумовска која честопати ја прави за појадок, но понекогаш е одлична и за ручек во комбинација со кисело млеко или јогурт. Бон апетит!
Брза пита со сирење
By March 24, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 35 mins
- Ready In: 50 mins
Ова е една од веројатно најомилените пити на нашата пријателка Славица …
Ingredients
- 500 г готови кори
- 200 г пченкарно брашно
- 200 мл јогурт
- 200 мл кисела вода
- 4 јајца
- 100 мл масло за готвење
- 400 г сирење (згмечено)
- 1 лажичка сол
- 1 пакетче прашок за пециво
Instructions
- 1.Во подлабок сад, се матат јајцата и се додаваат сите другите состојки освен сирењето. Се добро се мати.
- 2.Во подмачкано плехче се ставаат две кори и тоа малку да се изгужвани. Се посипува со филот и згмеченото сирење.
- 3.Одозгора повторно ставете две кори згужвани и повторноод филот и сирењето се додека не се потроши.
- 4.Најгоре се става само од филот, се попрскува со масло и се наросува со сусам.
- 5.Рерната треба да биде загреана на 210 степени и питата се печесе додека не поцрвене.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна