Ако во фамилија имате мераклии на пити, тогаш ова е правиот рецепт за вас. Само немојте да погрешите и да ве искараат, подгответе минимум две дози. Толку е вкусна, што секој ќе посака репете. Добар апетит.

Пита со шунка и кашкавал

By Тетка Биберче Published: January 19, 2013

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 60 mins

Ако во фамилија имате мераклии на пити, тогаш ова е правиот рецепт за вас. …

Ingredients

Instructions

  1. Замесено тесто1.Во поголем длабок сад го ставаме брашното, додаваме квасецот и посолуваме. Во истиот садот ги додаваме исечканата шунка, киселата вода, млекото и маслото.Месиме се додека не добиеме фино тесто.
  2. Стасано тесто2.Тестото го оставаме да нарасне и да се одмори барем половина час.
  3. 10 топчиња тесто3.На набрашнета работна маса го размесуваме тестото и го сечеме на 10 еднакви дела.
  4. Премачкување на првата кора4.Од секое парче тесто формираме топче. Од секое топче, со сукало, развлекуваме кора. Кората ја премачкуваме со растопен маргарин.
  5. Кора со сирење5.Врз кората нанесуваме дробено сирење. Врз сирењето ја ставаме втората кора.
  6. Сите кори6.Постапката ја повторуваме со сите топчиња тесто, а последната кора ја мачкаме само со маргарин.
  7. Сукање на корите7.Целото филувано тесто, со сукало, го развлекуваме во една поголема кора.
  8. Пита спремна за печење8.Тркалезната тава ја попрскуваме со растопен маргарин и ја ставаме питата во тавата. По желба, наросуваме со сусам и ким.
  9. Пита спремна за сечење9.Печеме 30 минути на температура од 200 степени. Ја вадиме тавата од рерна, ја сечеме и сервираме. Добар апетит.