Зошто да се откажете од вашиот омилен десерт за време на пост кога за тоа нема потреба. Мигусто има идеја како да приготвите посна бајадера и да уживате во нејзиниот неодолив вкус. Едноставно, вкусно и брзо. Три во едно уживање.

Брза посна бајадера

By Тетка Биберче Published: April 10, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 20 mins

Зошто да се откажете од вашиот омилен десерт за време на пост кога за тоа …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во стаклен сад, ставете 150 г ореви и бисквити. Додадете 150 г шеќер, 100 г маргарин, 100 мл вода и 100 г чоколадо за готвење. Садот ставете го во микробранова печка, на 700 вати, 2 до 3 минути (се да се растопи).
  2. 2.Добро промешајте и темната смеса истурете ја во пластичен калап за бајадера. Рамномерно распоредете ја смесата и калапот ставете го во фрижидер.
  3. 3. Во истиот стаклен сад, ставете истите состојки без чоколадото за готвење. Повторно садот ставете го во микробранова печка, на 700 вати, 2 до 3 минути (се да се растопи).
  4. 4.И оваа смеса истурете ја врз темната смеса, распоредете ја смесата рамномерно и калапот ставете го во фрижидер.
  5. 5.Во меѓувреме, на пареа или во микро, растопете една чоколадо со малку масло за готвење. Чоколадото истурете го врз белата смеса, вратете го калапот во фрижидер и бајадерата оставете ја добро да се олади и стврдне.
  6. 6.Пресечете парчиња бајадера и сервирајте. Добар апетит!