Прекрасни пишии за секој ден, за доручек, ручек или вечера, со ајварче и чајче за милина. Уште еден супер предлог од нашата драга читателка Наташа Алексовска од Куманово кој ние сигурно ќе го пробаме, и тоа во прва прилика.
Брзи пишии
By October 23, 2013
Published:Прекрасни пишии за секој ден, за доручек, ручек или вечера, со ајварче и …
Ingredients
- 300 мл кисело млеко
- 600 г брашно
- 1/2 супена лажица сода бикарбона
- 1/2 супена лажица сол
- 1 пакетче прашок за пециво
Instructions
- 1.Во подлабок сад се става брашно,потоа се додава кисело млеко,сода бикарбона,сол и прашок за пециво.
- 2.Се замесува меко и мазно тесто. Тестото се расукува во поголема кора со дебелина од 1 сантиметар.
- 3.Расуканата кора се сече по должина на ленти,а потоа и попреку накосо за да се добијат форми на баклава.
- 4.Добиените баклавчиња се пржат во загреано масло,а потоа се редат на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија од нив.
- 5.Пишиите се послужуваат со сирење и со чаша јогурт или пак со кисело млеко.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна