Тортичките (мафини), според мене, се најлесни и најбрзи колачиња што можат да се направат, а згора на тоа се и многу вкусни. Наутро или навечер, со чаша млеко или јогурт, се одличен појадок или вечера.
Постои огромен број на рецептии. Едно е важно дека главните состојки се брашно, масло или путер, шеќер, јајца, течност (млеко, кисело млеко, јогурт) прашок за печење (сода бикарбона) и разни додатоци, арома (ванила, цимет, кориандер, рендана кора од лимон или портокал) и сол меѓу два прста.
Ако сакате тортичките да се чоколадни, тогаш се додава растопено чоколадо или какао, може да се додадат ореви, бадеми, свежо или замрзнато овошје, мармалад, слатко или џем.
Направени со путер по некое време стануваат малку потврди, што инаку воопшто не влијае на нивниот вкус. Се зависи од сопствената (или онаа на најблиските) желба. Моето искуство ми покажа дека тортичките се помеки доколку се користи масло, а не путер (ова го слушнав на ТВ и го испробав) и доколку во смесата се додаде сода бикарбона, а не прашок за печење или смеса од двете.
Еве еден предлог рецепт за тортички.

Брзи тортички

By Мама Лиле Published: November 29, 2012

    Тортичките (мафини), според мене, се најлесни и најбрзи колачиња што можат …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на смесата1.Во сад се мешаат сувите состојки (брашно, шеќер, сол, прашок за пециво и сода бикарбона). Во друг сад се мешаат течните состојки (јајцата, киселото млеко и маслото). Двете смес се соединуваат. Се добива релативно ретко тесто.
    2. Спремни мафини за печење2.Со оваа смеса се полнат модлите за мафини, околу 2/3 и во секоја модла се додава од замрзнатото овошје. Во дел од модлите се додава по една желе бонбона притискајки ја бонбоната да навлезе до половина во тестото.
    3. Испечени мафини3.Ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 15-тина минути или се додека не поруменат. Со дрвено стапче се пробува дали тортичките се готови.
    4. Брзи мафини4.Вака испечените тортички се меки, полни со воздух и што е важно долго време остануваат такви.