Здрави,вкусни и едноставни за подготовка… Уште еден необичен но превкусен рецепт на нашата пријателка Валентина Крстевска.

Булгур со зеленчук во кошнички од тесто

By Валентина Крстевска Published: September 24, 2013

    Здрави,вкусни и едноставни за подготовка... Уште еден необичен но …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Kорпичките од тесто: убаво измешајте ги сите состојки освен водата. Потоа, постепно, додајте ја и неа. Замесете меко тесто и оставете го да стаса.
    2. 2.Поделете го тестото на 12 дела (напомена: јас добив околу 550 гр тесто од кое со вага мерев топченца од по околу 45 гр.), обликувајте мали корички и поставете ги во калап за мафини кој е премачкан со путер.
    3. 3.Запржете ги модриот патлиџан и тиквичката на врело масло. Откако ќе сменат боја, префрлете ги во друг сад, ставете уште малку масло, пропржете ги кромидот и лукот, вратете ги патлиџанот и тиквичките, додајте ги и доматите, уште малку пропржете и зачинете.
    4. 4.Булгурот, претходно, оставете го да покисен во врела вода околу 30 минути, а потоа замешајте го со другиот зеленчук.
    5. 5.Корпичките наполнете ги со подготвениот зеленчук и печете ги се додека не поруменат. Послужете ги со кисело млеко или јогурт. Доба апетит!