Ако сте како мене, па вок тавчето ви е една од најексплоатираните садови во кујната (јас се си пржам во него), новиот бумеранг модел навистина ќе ве израдува. Дизајниран е специјално за да го олесни превртувањето на храната додека се пржи, и да ви кажам право, функционира супер!

Па дајте ви се молам! Не можам ама баш ништо да испржам без да ми летне нешто надвор од тавата или без да испрскам. А не дека не сум пробувала да му најдам некоја техника. Дури и учев како се меша храна без лажица, ама џабе. А просто уживам кога ги гледам ова професионалниве шефови на телевизија како со мало вртење на зглобот си ја мешаат храната, и тоа без летање и разлетување на храна по кујната. Што да кажам, не ме бива, не станува профи кувар од мене, па тоа ти е!

И таман се откажав од одење во професионалци, кога оп! Ми ја измислија ова бумеранг тавава! Со ова нема утка, па дури и да пробуваш. Додуша не е многу згодна за такво мешање само со зглоб, ама затоа за со лажица е супер! И нема летање и прскање кога пробувам да свртам нешто (како на пример плескавица). Само ќе ја подбутнеш на правата страна, и само си се превртува. Какви лажици, какви зглобови! Ах, да! И нема рибање на шпоретот после секое пржење!