Малку необичен начин за подготовка на бурек, но подеднакво вкусен. На овие мали бурек-пита филџани ќе им се израдуваат сите, а посебно најмалите во фамилијата.

Бурек-пита филџан

By Наташа Алексовска Published: November 1, 2013

    Малку необичен начин за подготовка на бурек, но подеднакво вкусен. На …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Од брашното, солта и водата замесете меко тесто и поделете го на 21 топче.Топчињата премачкајте ги со масло и оставете ги 30 минути на топло.
    2. 2.За тоа време спремете го филот така што добро запржете го ситно сецканит кромид. Кога ќе омекне додадете го мелено месо, посолете и запиперете. Тргнете на кратко од оган, додадете ги јајца, се измешајте и вратете ги уште 1-2 минути на шпорет.
    3. 3.10 топчиња расукајте ги со сукалка и секое топче освен последното премачкајте ги со масло за готвење. Ставете ги едно врз друго и расукајте ги во кора со големина на тепсијата. Попрскајте ја кората со масло и распоредете половина фил по неа.
    4. 4.Расукајте уште 3 топчиња, премачкајте ги со масло и расукајте уште една кора (која ќе биде тенка кора) и со раце внимателно развијте ја во големина на плех. Премачкајте ја со масло и ставете ја втора половина од фил.
    5. 5.Од преостанати 8 топчиња расукајте ја трета кора и ставте ја врз останатите. Намастете ја питата и оставете малку да одстои.
    6. Бурек-пита филџан - кругови6.Со чаша вадете кругови. Загрејте ја рерната, за тоа време изгмечете лук и измешајте го со јогурт. Премачкајте ја цела пита и печете ја во загреана рернасе додека не добие убава боја. Кој не сака лук, не мора да става во јогуртот.