Има ли нешто поубаво од тоа да ги изненадите најблиските од фамилијата со домашно приготвен бурек за појадок? Мирис кој ги отвора апетит и ве тера секогаш да земете парче повеќе.
Бурек со сирење
By July 29, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 50 mins
Има ли нешто поубаво од тоа да ги изненадите најблиските од фамилијата со …
Ingredients
- 500 г кори за пита
- 250 мл кисела вода
- 125 мл масло за готвење
- 1 лажиче сол
- 350-400 г сирење (издробено)
Instructions
1.Округлата тава за печење добро намачкајте ја со масло. Ставете две кори така да барем половина од кората да фати надвор од тавчето. Намачкајте ги за да не се исушат.
2.Водата измешајте ја со маслото и додадете сол. Со ова, добро попрскајте ја следната кора, згужвајте ја и ставете ја во тавата.
3.И двете следни кори попрскајте ги, згужвајте ги и ставете ги во тавата за печење.
4.Одозгора наросете од здробеното сирење и попрскајте со течноста.
5.Продолжете со редење на згужваните гори, по иста постапка, се додека не ги потрошите сите.
6.Последната кора се реди рамно, се попрскува со течноста и бурекот се затвара со двете најдолни кори.
7.Доколку ви остане вишок од течноста, истурете ја врз готовиот бурек.
8.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 30-тина минути. Имајте добар апетит!
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна