Викајте ја екипата, обезбедете добро музиче, а ние ќе се погрижиме да ги изненадите со нешто навистина посебно. Ќе ви треба малку упорност, но резултатот ќе ги импресионира сите кои ќе се појават на вашата летна журка.  Потребни состојки: лубеница, вотка, шампањ, јагоди, потоа блендер, чешмичка, нож и во суштина тоа е тоа. Покажете креативност, верувајте ќе ви се исплати. За ова ваше дело долго ќе се зборува и раскажува!

Лубеница

Пресечете го горниот дел од лубеницата. Со голема лажица исчистете ја целата внатрешност. Парчињата лубеница одат во блендер.

Лубеница

На долниот дел од лубеницата направете отвор. Монтирајте чешмичка!

Лубеница
Во блендер освен лубеницата, ставете една рака јагоди, шампањ и малку водка. Добро измикисирајте.

лубеница

Содржината од блендерот префрлете ја во лубеницата.

Лубеница

Додете лед и коктелот е спремен за дегустација! На здравје :)