Салата и неколку видови сирења подготвени на различни начини е нејзината идеална комбинација за совршен оброк. Не е љубител на месо, но знае да ја привлече убаво испечено мевце со крцкава кора. Како додаток знае да се напие и чаша квалитетно бело вино.

Цаци ни се пофали дека одлично спрема ориз во тава. „Без месо, само со доста кромид и зачини. Од тоа јадење никогаш не ни останува за „утре“ Во последно време ова јадење го комбинирам и со мелено месо. Превкусно!“

Нема омилена национална кујна, но последниов период често јаде мексиканска храна. Како што ни објасни се случува дома да поканат пријатели на „направи сам“ вечера каде секој си одбира што да стави во своето бурито или фахита.

Нејзиниот најголем гастрономски порок на кој никако да му одолее е чоколадото. „Чоколадо во сите форми и комбинации е мојот „грев“.Со мојата другарка Маја Диор, често одиме на „топло-ладно“ и уживаме двете!“ вели Цаци.

Во принцип не важи за пребирлива личност, но не сака боранија, варена зелка, подварок и слични јадења. „Диња не јадам воопшто и не би пробала дури ни од кутроазија. А, да. Веројатно не би јадела инсекти, црви и слични „деликатеси“ од други континенти.“

Што се однесува до нејзините навики вели дека многу често поради многу обврски и се случува да јаде на брзање или од нога, или како што самата вели со послужавник пред телевизор. „Сепак, се обидувам барем еднаш во неделата, со моето семејство да имам „идеален оброк“. Тогаш сите седнуваме на комплетно поставена маса, со комплетно мени; предјадење, главно јадење и десерт.“

Цаци не е оние личности кои фанатично брои калории но внимава што и колку јаде. „Се обидувам во мојата, а особено во исхраната на ќерка ми да има од сите прехрамбени групи. Ама не се потресувам премногу.“

Во фамилијарниот фрижидер секогаш мора да има јогурт за нејзината ќерка, овошје за сопругот и сирење или кашкавал за неа. Декларации на производи не чита, вели дека многу се ситни буквите. „На рокот внимавам и тоа многу. Не користам производи дури и ако се само еден ден по истекот на рокот. Ретко (скоро никогаш) не читам хранлива вредност и калории.

Кога би отворила сопствен ресторан Цаци вели дека тоа би било ресторан со интернционална кујна – од се по нешто. Јадења кои не се многу компликувани, но убаво сервирани, во убави садови, со убав прибор. интернционална кујна – од се по нешто. Специјалитет на куќата, ако би било нешто со сирење и кашкавал.

Од земјите кои ги посетила и ќе ги памети по изворедно вкусната храна мора да ја спомене Италија каде ги пробала најдобрите шпагети Болоњезе. „Јас сакам тестенини сварени „ал денте“. Просто умирам по салата од домати и моцарела. Дома единствено корисиме балсамико оцет. И покрај тоа што нашите мајки не’ учеа дека оцет не се става во салата од домати, балсамикото одлично оди со домати. Всушност супер е во било која салата.“

Омилена пијалок? Свежо исцеден сок
Oмилена салата? Аххх…ги сакам сите, но без преливи
Омилен десерт? Cheesecake
Омилен ресторан? Гурмет

Појадок……..За жал никогаш не појадувам. Денот сакам да го започнам со чаша млака вода, во која цедам еден лимон и ставам лажица мед
Ручек….За ручек МОРА да се има салата и некое сирење, по тоа буквално патам. Без се друго, ручекот може да помине
Вечера…..Ретко кога вечерам и затоа може не бирам што и како би каснала. Едноставно отварам фрижидер и земам што прво ќе ми падне во очи