Кога станува збор за квалитетен сон, сите знаеме дека е добро пред спиење да се испие чаша млеко. Ова уште како деца ни го зборуваа родителите, и како што покажуваат најновите истражувања на оваа тема, тие и тоа како биле во право.

Млекото навистина смирува. Експертите објаснуваат дека млекото го содржи хормонот мелатонин, кој во човечкиот организам го регулира биоритамот. Истражувањата покажале дека нивото на овој хормон се намалува околу 15-тата година од животот, а како последица на тоа, се појавуваат проблеми со спиењето. Процентот на мелатонин во кравјото млеко може да се зголеми со одредени методи, а меѓу нив спаѓа и молзењето на кравите во вечерните часови.

Ако исхраната на кравите се базира само на билки, уделот на овој хормон во кравјото млеко може да се зголеми значително и да порасне од 15 до 20%. Но, дури и обичното млеко, кое секој од нас го има во фрижидерот, има ефекти во однос на ова. Затоа, ако страдате  од несоница или од други проблеми поврзани со сонот и спиењето, задолжително испијте една чаша млеко секоја вечер пред да заминете на спиење.