Валентина ни раскажа дека не ги памти јадењата на нејзините баби бидејќи поголемиот дел од времето го поминувала со бабичката која ја чувала. Таа по потекло биола од Егејска Македонија, но долго време живеела во Чешка и од таму го научила овој рецепт за „кнедлики с омачка“ т.е. кнедлики со сос.
Чешки кнедлики
By February 17, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 40 mins
Валентина ни раскажа дека не ги памти јадењата на нејзините баби …
Ingredients
- 500 г брашно
- 320 мл млака вода
- 7 г сув квасец
- 1 лажиче сол
Instructions
- 1.Од сите состојки на вообичаен начин подгответе тесто, па оставете го да стаса околу 40 минути.
- 2.На работната маса премесете го тестото и формирајте векнички чија димензија е помала од пречникот на тенџерето кое ќе го користите. На кујнска крпа поросете малку брашно па редете ги векничките, а одозгора прекријте ги.
- 3.Во тенџерето ставете вода до половина, одозгора поставете газа или кујнска крпа, па убаво прицврстете ја со ластик околу работ на тенџерето. Малкуцка вдлабнете ја ткаенината надолу и ставете ја водата да зоврие.
4. Наредете на ткаенината од стасаните векнички (да не се допираат една до друга). Поклопете ги со капакот (заради ова, капакот треба да е што поиспакнат нагоре, да не ги сплеска лепчињата). Оставете ги така прекриени ТОЧНО 20 минути, а потоа редете ги на крпата на која стасувале (малку подистресете го брашното од неа).
5.Откако сите лепчиња се сварени и малку подоладени, со конец удвосан во 2 ката поставен под секое лепче и прекрстен одозгора, исечете ги векничките на кришки и сервирајте ги на плиток тањир со јадењето со сос кое вам ви е омилено. Јас обично ги подготвувам со сос од печурки и јунешка кртина.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна