Колку пати ви се случило да сакате да ставите само малку масло на тавчето и убво да го размачкате? А колку пати сте посакале само да намачкате нешто со масло? Ќе речете – Ех, па тоа и го правам постојано. Додуша, и јас го правам. Ама еве земете го овој пример: кога правам штрудла со јаболки (од готови кори нели, за жал на мојата поубава половина :)), прво ставам масло во некое чинивче или поширока чаша, па потоа земам четка за мачкање, па прскам се наоколу за да ја намачкам кората – а ги мачкам сите кори! Или, кога правам палачинки, задолжително капнувам малку масло пред да ја ставам првата, па потоа го истурам, па ми истекува од надворешната страна на тавчето, па тоа масло замирисува кога ќе го вратам тавчето назад на оган бидејќи ќе загори и така … примери безброј!

Е сега споредете ги сите тие маки со оваа фантастична алатка. Си ставаш масло во шишенцето, ја навртуваш четката и си мачкаш! Масло не се разлева, тече точно колку што ти треба, а ако сакаш повеќе, доволно е само малку да го притиснеш шишенцето. Чиста работа!

Сакам да кажам, ако случајно уште немате ваква четка по дома, веднаш да си нарачате тука, и да им кажете збогум на нервозите и милионите масни флеки наоколу!