Салата која многу често може да замени цел оброк. Полна со витамини, вкусна и едноставна за приготвување. Три основни предуслови зошто често треба да биде на вашето мени. Советот, експериментирајте со сосот и секогаш ќе имате нов нетипичен вкус.
Цезар салата
By January 30, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 20 mins
Салата која многу често може да замени цел оброк. Полна со витамини, …
Ingredients
- 1 главица зелена салата
- 300 г пилешко бело месо
- 3-5 кришки леб
- 1 домат (исечкан на парчиња)
- 3 јајца (сварени)
- 70 г пармезан (изрендан)
- 1 жолчка (состојки за прелив)
- 1 лажица Сенф (состојки за прелив)
- 100 мл маслиново масло (состојки за прелив)
- сок од ½ лимон (состојки за прелив)
- 1 чешне лук (состојки за прелив)
- малку сол, црн пипер (состојки за прелив)
Instructions
- 1.Зелената салата добро измијте ја, исцедете ја, исечкајте ја и оставете ја во фрижидер да се олади.
- 2.Меѓувремено, пилешкиот стек исечкајте го на парченца и пржете го на малку маслиново масло. Посолете, напиперете и оставете го на оган неколку минути се додека месото не добро не омекне.
- 3.Јајцата сварете ги и изрендајте ги.
- 4.Парчињата леб исечкајте ги на парченца и запржете ги во истиот сад во која го пржевте пилешкиот стек.
- 5.Подгответе го филот: со жица изматете ја жолчката, додадете сенф, маслиново масло, сок од лимон, ситно сечкано лукче и зачинете со малку сол и црн пипер.
- 6.Во здела за сервирање, ставете ја исечканата зелена салата, парчињата пилешки стек и ренданото јајце. Ставете и неколку парчиња сечкан домат.
- 7.Со сосот прелијте ја салатата, а одозгора рендан пармезан.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна