Модата на служење на сладолед во топки изгледа завршува, и да ви кажам право, крајно време беше. Прво се многу незгодни за правење (јас барем сменив едно 5-6 различни лажици за сладолед додека не најдов една што топките ги прави скоро па добри), второ незгодни се за служење во чинија, па мораш да ги ставиш во чаша или во подлабока здела, и трето, а да не речам и најбитно, топките едноставно не изгледаат убаво кога мешаш сладолед со неколку бои и ароми.

Поради сите овие причини, а верувам дека има и пар други, само што не ми текнуваат во моментов, многу се нервирам кога треба да послужам сладолед. Можете ли да го замислите моето изненадување и мојата одушевеност кога го пронајдов ова апаратче за правење на ….цилиндрични парчиња сладолед. Па уште кога видов дека можеш да правиш кули од различни бои! Скоро како Лего, всушност баш како Лего! Леле радост! До немајкаде! А бе ако имаше некое дете посреќно од мене со мојата нова играчка, не знам….не верувам дека имаше во моментот….

Накратко кажано, нема да зажалите ако си ја нарачате играчкава, а тоа можете да го направите на овој линк!