Да го цитирам Владо Јаневски “Се шекнувам и клекнувам на колена без срам“, бидејќи баш така се чувствував кога ја видов чинијава. Леле мајко, колку добро изгледа!!! А мора да признаете дека нема трпеза што нешто вакво нема да ја украси и дотера до тој степен што сите ќе почнат да паѓаат во несвест!

Навистина опасно добра работа, особено ако сакате друштво, а тоа друштво често ви наминува на гости. Па уште и ако организирате групно гледање на ига на шампиони или групна женска шема, една ваква чинија, малку чипс или некои други грицки, и некакво сосче што можете да го сматите за 2 минути е се што ви е потребно.

Е сега, да бидеме реални. Ваквото задоволство кошта и тоа поприлично. Ја најдов чинијава во две варијанти – мала и голема, ама големата да ви кажам стига до кај 10 илјадарки, и тоа е без транспорт. Уф! И малата додуша не е многу поефтина (можете да ја најдете овде), ама ај ќе речеш – се што е добро вреди да се плати.