Сте забележале ли дека во последно време сите некако го величаат свежото овошје? Нон стоп само тоа слушам – јади свежо овошје, колку што можеш повеќе! Ееее, ама има тука и еден проблем, свежото овошје не останува свежо којзнае колку долго бидејќи не ми оди се во фрижидер, а кога ќе ги ставам овошките во чинија или здела, обавезно тие долните се расипуваат, па ги расипуваат и тие горните и така натаму. А да ви кажам право, па не можам секој ден да трчам на пазар или во маркет за да купам ново овошје, па поготово не на вакви температури! Нема шанси! И така, си се ограничувам на неделното пазарење, ќе купам што ќе купам, ќе ми потрае два-три дена и крај. Нема свежо овошје до следното одење на пазар во сабота или недела.

Одненадеж, еурека! Спас за сите вакви како мене! Растегнувачка чинија за овошје која е направена од порозна ткаенина која пропушта воздух. Ткаенината се закачува за метална основа и се оптегнува како трамбулина, а дупчињата во материјалот му дозволуваат на овошјето да дише од сите страни без разлика дали е долу или горе во чинијата. Резултат – овошјето не се расипува и може да стои подолго време. Неверојатно!

И уште цената да му беше малку поппристојна (да ми простите ама 60 долари за едно чиниче! што е многу, многу е, би рекла јас). Мислам дека ќе почекам малку да падне барем на 20-тина долари). А ако вам не ви се чека, слободно набавете си ја оваа кујнска трамбулина овде!