Зошто да трошите пари на чипс, кога можете сами да си направите во овој случај пикантен чипс од тиквички. Ви треба малку време, плус неколку пивца и уживањето ќе биде целосно. А, да не заборавиме! Поканете и друштво не бидете егоистични.

Чипс од тиквички

By Гастронаут Published: January 10, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 20 mins

Зошто да трошите пари на чипс, кога можете сами да си направите во овој …

Ingredients

Instructions

  1. Исечкани тиквички1.Тиквичките добро измијте ги и исечкајте ги на тенки кругчиња. Посолете ги и оставете ги десетина минути. (солта ќе ја впие вишокот течност од тиквичките и подобро ќе се испржат)
  2. Млеко и зачинето брашно2.Во еден сад ставете го млекото, а во друг сад направете микс од брашното и зачините- малку сол, црвен пипер, лукче а може и некој друг зачин по ваш вкус. Во поголема тава за пржење добро загрејте го маслото.
  3. Готови тиквички3.Секоја тиквичка натопете ја во млеко, извалкајте ја во брашно. Пржете не повеќе од две минути додека тиквичките не добијат златно кафена боја. Исцедете ги на кујнска хартија, а потоа послужете ги со декорација од ситно исечкан магданос.