Значи болна сум по вакви ножиња, сецкала, чистала и слично. Што повеќе, толку подобро! А како и да не бидам. Па ајварска сезона е луѓе! Не знам само дали да се радувам или да плачам. Насмевка ми се шири од уво до уво кога ќе помислам на свежо ајварче на парче лепче, па уште ако има и некое сиренце, така овчо, помасничко…уф, уф. Ама душава ми плаче ко ќе ми текне колку работа ме чека…. А што е најтрагично, знам дека кога ќе дојде моментот, овие моиве по дома одеднаш ќе имаазт работа, или баш тогаш ќе мора да одат некаде, или …. а бе ќе смислат нешто, сигурна сум. И пак ќе биде, чисти, лупи, печи, лупи, мели, пржи, собирај!

Не се жалам веќе, толку беше. Кај се истрпело толку пати, ќе пројде уште еднаш. Туку, викендов ако немате што да правите, бујрум на Мигустовски ајвар :). Не дека ми треба помош (!!!!), туку онака, да се смееме и да се забавуваме!

И не заборавајте да си понесете една ваква чудесија за чистење пиперки! Ем супер работи, ем го вежбате зглобот! Супер! А да не спомнувам и дека е ефтина (може да се нарача тука). Значи, наоружајте се, длабоко земете воздух, и можеме свечено да ја отвориме ајваријадата!