Колку пати ви се случило да сечкате компири, моркови, кромид, а парчињата да ви се лепат за сечивото па морате секое парче посебно да го тргате. И ајде да речеме дека со компири и други слични покрупни зеленчуци и овошја проблемот и не е толку голем. Ама што кога сечкате лукче? Мене ова редовно ми се случува, и да бидам искрена, ме нервира троа повеќе…. Демек, ако не ми се случуваше, ќе го спремав јадењето многу побрзо! Демек….

Туку, сега гледам дека некој смислил финта за решавање и на овој проблем. Ова малечко пластично чистко се поставува на сечивото од ножот, а кога ќе се залепи нешто, само го повлекувате, односно го лизгате и се што е залепено се бутка! За жал, ова слатко и едноставно чистко за ножеви сеуште го нема во комерцијална продажба, ама најверојатно брзо ќе биде и тоа. И не грижете се, сигурно ќе ве известам ако слушнам нешто 🙂