Немојте случајно да ја дочекате годинешнава сезона за правење ајвар несоодветно подготвени! Па каква брука и срамота ќе пукне ако ви се случи нешто такво? Леле, не сакам ни да замислувам…. Туку, кога сме кај соодветното подготвување, џабе ви ако сте си купиле нова престилка, ако сте го измиле и подмачкале тенџерето, ако сте нацепкале доволно дрвца за потпалување на ќумбето, просто џабе ви е се друго ако ја немате вистинската алатка за чистење на рачките од пиперките. Рачките се, без никакво сомнение, една од клучните работи во ајварот. Навистина, ајде ќе ве молам замислете си како ќе изгледа ајварот ако рачките и семките не се доооообро исчистени. Брррр, страшно! Туку, ич не се мачете да замислувате, нарачајте си го чистково за рачки од пиперки овде и дочекајте ја ајваро-правечката сезона со насмевка на лицето. Знаете, целиот тој процес може да биде и многу забавен (така викаат за ситуацијата кога на пример, ако некој друг прави, а ти гледаш :), ама лично не можам да потврдам – не ми се случило!

Инаку, јас во последниве 10-тина години прво ги чистам пиперките од рачките и од семките (полесно излегуваат на живи пиперки), па после ги печам. Да не знаете случајно некоја подобра варијанта?