Драги мои скараџии, внимавајте! Никако не е во тренд решетката од скарата (па и онаа од шпоретот) да се чисти со некакви крпи и крпчиња, разно-разни четки или жици. Па на што ќе изгледа тоа? За секунда ја губите сликата на фантастично интересен, посветен, секси скараџија. А тоа сигурно не го сакате нели?

Замислете ја сега другата варијанта. Со овој прекрасен чистко елегантно и лежерно поминувате по решетките со едната рака додека со другата подигнувате чаша со пиво и наздравувате со другарите. Не се сомневам дека можете веднаш да изберете што е подобро. А ако сте избрале добро, тогаш нарачајте го чисткото овде, повикајте го друштвото на скара и …. правете се малку важни!