Супер летна варијанта на чизкејк кој не се пече. Слободно употребете и некое друго овошје ако не сакате малини и обидете се да се задржите само на една чашка во денот.
Чизкејк со малини
By August 10, 2012
Published:Супер летна варијанта на чизкејк кој не се пече. Слободно употребете и …
Ingredients
- 140 г мелени плазма кекси (може било какви)
- 2 супени лажици шеќер (за тестото)
- 50 г путер
- 85 г шеќер (за филот)
- 230 г маскарпоне
- 3 супени лажици исцеден сок од лимони
- 1 кафена лажичка екстракт од ванила
- 250 мл слатка павлака
- 200 г свежи или смрзнати малини
- малку мелени кекси (за украсување)
Instructions
- 1.Во подлабок сад добро измешајте ги мелените кекси со путерот и со две лажици шеќер. Кога смесата ќе се издначи убаво, распределете ја на дното и околу страните на чиниите или чашите во кои ќе го послужите десертот (да се добие како тенка коричка).
- 2.Во друг подлабок сад измешајте го шеќерот со кората од лимоните. Потоа додадете го маскарпонето и екстрактот од ванила и мешајте со миксер додека смесата убаво не се соедини.
- 3.Слатката павлака изматете ја настрана а потоа додадете ја во смесата со сирењето. Измешајте добро. На крајот додадете ги издробените (изрендани, истолчени) малини и повторно се добро промешајте.
- 4.Наполнете ги чашките со филот така да кората од кекси биде наполно прекриена и оставете ги во фрижидер да отстојат барем 2-3 часа пред послужување. За декорација, испрскајте малку мелени кекси одозгора и ставете по неколку малинки во секоја чашка.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна