Лесен летен десерт кој плени со својот вкус и изглед. Одлично засладување за секоја прилика, се сложувате нели?

Чизкејк со шумско овошје

By Гастронаутка Published: July 31, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 60 mins
  • Ready In: 1 hr 20 mins

Лесен летен десерт кој плени со својот вкус и изглед. Одлично засладување …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Обложете го дното и страните на модла за торта со дијаметар од 20 см со хартија за печење.
  2. 2.Измелете ги бисквитите и додадете го растопениот путер, а потоа мешајте додека смесата не се изедначи.
  3. 3.Со неа рамномерно обложете го дното и страните на калапот, а потоа ставете го калапот во ладилник околу 30 минути за да се стегне.
  4. 4.Загрејте ја рерната на 160 степени. Чоколадото растопете го на пареа. Со миксер или во блендер изматете ја урдата со шеќерот во прав.
  5. 5.Додавајте едно по едно јајце и мешајте со миксерот. Потоа додадете го маскарпонето и павлаката за готвење и мешајте со миксерот додека смесата потполно не се изедначи. На крајот додадете го чоколадото и измешајте.
  6. 6.Поделете ја смесата во два сада, и во едниот капнете неколку капки розова боја. Можете да додадете и малку изгмечено ситно овошје.
  7. 7.Извадете го калапот од ладилникот и истурете половина од белата смеса. Одозгора истурете половина од розовата, па повторно белата и на крај розовата. Нежно промешајте со лажица за да добиете шарен ефект.
  8. 8.Ставете ја тортата да се пече во загреаната рерна еден час, а потоа изгасете го шпоретот, и оставете ја тортата во рерната со отворена врата уште 2 часа.
  9. 9.Оставете ја тортата убаво да се олади во фрижидер (барем неколку часа), а потоа одозгора украсете ја со мешано овошје и посипете ја со шеќер во прав.