Едноставeн, лесен, интересен но и необичен колач… Рецептот ни го испрати нашата читателка Борка Тодорова.
Чизкејк
By November 17, 2012
Published:Едноставeн, лесен, интересен но и необичен колач... Рецептот ни го испрати …
Ingredients
- 150 гр бисквити
- 100 гр темно чоколадо
- 40 гр путер
- 500 гр маскарпоне
- изрендана кора од 3 лимони или портокали
- 1 кафена лажичка цимет
- 4 кафени лажички густин
- 2 јајца
- 75 г шеќер (може и кафеав)
Instructions
- 1.Рерната се загрева на 180 степени. Калапот за торта се обложува со хартија за печење (не заборавајте и ѕидовите на калапот да ги обложите).
- 2.Во сад се дроби бисквитот и се меша со циметот и малку растопениот путер. Смесата се става во калапот за торта и се обликува дното на колачот.
- 3.Во друг сад се топи чоколадото на пареа. Маскарпонето ( и без нервоза, го има во скоро секој супермаркет и тоа на рафтовите каде стои најчесто павлаката) се меша со изренданата кора од портокали или лимон и со шеќерот. Во смесата се додава стопеното чоколадо и јајцата.
- 4.Целата смеса се истура врз бисквитот и се пече 40-тина минути.
- 5.Пред сервирање колачот треба да биде добро изладен. Се послужува со парчиња портокал (или друго овошје) и прав шеќер.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна