Валентина за својот 46-ти роденден реши да ја направи нејзината прва торта која ја имав научено да ја прави уште пред триесетина години.. А ние, по повод нејзиниот роденден, и се заблагодараруваме што несебично ги споделуваше сите кулинарски искуства со нас и нашите читатели, и и посакуваме многу среќа, многу љубов и уште многу успешни рецепти.
Кока-кола торта
By October 6, 2013
Published:- Prep: 35 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Валентина за својот 46-ти роденден реши да ја направи нејзината прва …
Ingredients
- 6 јајца (за бисквит)
- прстофат сол
- 7 лажици шеќер
- 3 лажици какао
- 6 лажици брашно
- 300 мл кока-кола (за преливање на бисквитот по печењето)
- 125 г путер (за фил)
- 200 г шеќер во прав
- 150 г потпечени мелени ореви
- 150 г мелен плазма кекс
- 3 жолчки
- 300 мл кока-кола
- 3 белки (за украсување)
- 9 лажици шеќер или
- 2 шлаг креми
- 300 мл млеко
Instructions
- 1.Вклучете ја рерната да се загрева додека да го изматите бисквитот.
- 2.Белките убаво се матат со прстофат сол. Се додаваат една по една жолчките, потоа постепено се додаваат и другите состојки за бисквитот.
- 3.Смесата се истура во тавче бр.26 на хартија за печење. Се става во загреаната рерна да се пече. По 5 минути рерната се исклучува и се остава во неа да се допече уште 30 минути без да се отвора.
- 4.Откако бисквитот ќе се олади,се прелива со сокот.
- 5.Путерот пенасто се мати со шеќерот.
- 6.Жолчките се матат на пареа или во ростфрај сад директно на рингла на многу слаба температура. Откако ова ќе се олади,се мати заедно со путерот. Се додаваат и другите состојки и се филува бисквитот на тањир за торта.
- 7.Одозгора се украсува со снег од трите белки или со шлаг крем изматен според упатството на кесичката.
- 8.НАПОМЕНА: Иако отпрвин може да ви се чини дека бисквитот нема да го впие сокот, не грижете се, потребно е 15-тина минути за да се впие целосно. За бисквитот да биде воздушест, потребно е јајцата долго и внимателно да бидат изматени, а и да се внимава на тоа да се пече според начинот како што е опишано во подготовката на рецептот.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна