Пивара Скопје АД ја донесе на македонскиот пазар Coca-Cola Zero – светскиот хит меѓу безалкохолните пијалаци.

Со почетокот на производство на Coca-Cola Zero, Македонија се придружува на повеќе од 100-те земји ширум светот во кои е достапен овој пијалак.

„Со одлуката за проширување на нашето портфолио со Coca-Cola Zero, нов член во семејството на Coca-Colа, уште еднаш ја потврдуваме нашата трајна определба на потрошувачите во континуитет да им нудиме нови, оригинални, пијалаци со највисок квалитет. Coca-Cola Zero е за генерацијата што е активна, љубопитна, храбра, нетрпелива, за оние коишто секаде се чувствуваат како дома и се самоуверени со секој избор што го прават. Coca-Cola Zero е за мажи и жени коишто не прават компромис и целосно уживаат во својот омилен безалкохолен пијалак“, изјави Маја Муратовска – Чанговска маркетинг координатор за безалкохолни пијалаци во Пивара Скопје АД.

Единствената разлика помеѓу Coca-Cola light и Coca-Cola Zero е во вкусот. И двата пијалака освежуваат без калории и шеќер, но Coca-Cola Zero го има вистинскиот Coca-Cola вкус и нула шеќер. Со други зборови – најдоброто од двата света!

Ваквите карактеристики ја прават Coca-Cola Zero совршен избор за луѓе кои не сакаат да прават компромис со вкусот на нивниот омилен пијалак и истовремено внимаваат на количеството калории кои секојдневно го внесуваат во својот организам.

Coca-Cola Zero ќе биде достапна за потрошувачите ширум земјата во повратно пакување во стаклена амбалажа од 0,25л, како и во неповратна амбалажа од 0,33л; 0,5л и 2л.