Како едноставно и на брзина да си приготвите вкусен десерт? Мигусто го има одговорот. Чоколадни колачиња со суво овошје, во овој случај брусница кои се топат во уста. Ако сте расположени за експериментирање искористете и некое друго овошје по ваш вкус.
За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа
Чоко браунис

By April 19, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 40 mins
Како едноставно и на брзина да си приготвите вкусен десерт? Мигусто го …
Ingredients
- 130 г брашно
- 70 г интегрално пченично брашно Виталиа
- 100 г шеќер
- 80 г Demerara кафеав шеќер Виталиа
- 50 г диет какао крем табла со фруктоза Виталиа
- 150 мл вода
- 150 мл ладно цедено сончогледово масло Виталиа
- 100 г сушена брусница Виталиа
- 50 г какао во прав
- 1 лажичка прашок за пециво
- ¼ лажичка сол
- 1 пакетче ванила
Instructions
1.Во подлабок сад, измешајте ги сите состојки за подготовка на чоколадниот браунис. На крај, додадете ја сушената брусница.
2.Смесата сипете во правоаголна тава обложена со хартија и печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
3.Испечениот колач оставете го во топла рернанеколку минути и оставете го добро да се олади пред да го сечете на парчиња. Забелешка: Од овие состојки излегуваат околу 16 колачиња.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна