Во моментите кога ќе ви се пријаде нешто благичко Наташа има супер предлог со што да се засладите. Вкусни чоко гриз коцки кои се одлични по ручек со шолја кафенце. За мерак и за своја душа. Добар апетит.
Чоко гриз коцки
By October 29, 2013
Published:Во моментите кога ќе ви се пријаде нешто благичко Наташа има супер …
Ingredients
- 2 јајца
- 100 мл масло
- 200 мл млеко
- 4 лажици шеќер
- 10 лажици брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 2 лажици какао
- 1 л млеко (состојки за фил)
- 9 лажици гриз (состојки за фил)
- 200 г шеќер (состојки за фил)
- 200 г кокос (состојки за фил)
- 100 г чоколадо (состојки за фил)
- 50 г маргарин (состојки за фил)
Instructions
- 1.Јајцата и шеќерот изматете ги. Потоа додадете млеко, брашно, прашок за пециво и какао. Смесата добро измешајте ја и половина од смесата сипете во плех обложен со хартија. Печете на температура од 200 степени.
- 2.Додека кората се пече, направете го филот. Во еден литар млеко додадете 200 грама шеќер. Во врелото млеко додадете претходно растопени 9 лажици гриз во 200 мл.млеко кое сме го одземале од едниот литар млеко.
- 3.Смесата добро измешајте ја и во врелата смеса ставете 200 грама кокос. Испечената кора прелијте ја со овој фил. Врз филот ставете од остатокот од смесата за кора и повторно вратете во рерна. Печете се додека не зарумени.
- 4.Испечениот колач оставете го да се олади. Оладен колач прелијте го со глазура од чоколада. Добар апетит.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна