Има ли поубав нешто од тоа да видите како славеникот се радува кога за неговиот роденден ќе му поклоните ваков чоколаден колач. Ние секогаш преферираме да направиме домашно, отколку да купиме готова торта. Вистинско задоволство на квадрат.
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]
Чоко-колач со вишни
By August 8, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 50 mins
- Ready In: 1 hr 5 mins
Има ли поубав нешто од тоа да видите како славеникот се радува кога за …
Ingredients
- 180 г брашно
- 2 јајца
- 60 г путер
- 2 лажици нескафе (измешано во 200 мл вода)
- 200 мл слатка павлака
- 200 г шеќер
- 100 г какао во прав
- 1 кесиче ванилин шеќер
- 1 ½ лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка прашок за пециво
- 250-300 г вишни (без семки)
- 100 г чоколадо за готвење (чоколаден прелив)
- 2-3 лажици несквик или какао (чоколаден прелив)
- 1 лажица слатка павлака (чоколаден прелив)
- 1 лажица млеко (чоколаден прелив)
- 2 лажици кафе (подготвено) (чоколаден прелив)
- 2 лажици масло за готвење (чоколаден прелив)
Instructions
- 1.Во длабок сад, со миксер, изматете го путерот заедно со топлото кафе и шеќерот.
- 2.Додадете ги јајцата, слатката павлака, какаото во прав и ванилиниот шеќер. Матете се додека не добиете хомогена смеса.
- 3.Брашното измешајте го со прашокот за пециво и сода бикарбоната и додадете го во смесата. Добро измешајте.
- 4.Вишните (може и смрзнати), малку извалкајте ги во брашно и ставете ги во смесата за колачот.
- 5.Калапот а печење (20 см) обложете го со хартија за печење (и дното и страничните делови). Смесата истурете ја во калапот.
- 6.Загрејте ја рерната на 180 степени. Печете 30-тина минути, а потоа намалета на 150 степени и печете уште 20-тина минути. Напомена: доколку користите поширока тава, времето на печење се намалува.
- 7.Во меѓувреме подгответе го чоколаднот прелив: на пареа (или во микро, неколку пати на 20 секунди) ставете ги сите состојки за подготовка на чоколадниот прелив. Мешајте се додека не добиете фина, сјајна смеса.
- 8.Чоколдниот колач оставете го да се олади. Одозгора намачкајте го исто така оладениот чоколаден прелив. Имајте сладок ден!
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна