Зошто да купувате готова торта кога со малку умешност и благодарение на Мигусто, можете дома да направите совршен чоко лешник десерт идеален со него да честитате роденден или да прославите некоја семејна веселба.
Чоко-лешник торта
By June 8, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 60 mins
Зошто да купувате готова торта кога со малку умешност и благодарение на …
Ingredients
- 100 г шеќер
- 4 јајца
- 100 г брашно
- 30 г какао во прав
- 100 г темно чоколадо
- 100 мл млеко
- 150 г слатка павлака
- 100 г лешници (ситно искршени)
- 1 пакетче безбоен желатин
Instructions
1.Во метален сад, изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Садот ставете го врз друг во кој има малку вода (варење на пареа) и ставете го оган. Додека се вари, константно мешајте се додека не се дуплира волуменот. Тргнете го на страна. Во 100 г брашно измешајте го какаото и внимателно додавајте го во смесата со јајце.
2.Калапот за печење (24 см дијаметар) намачкајте го со путер и наросете малку брашно. Смесата истурете ја и печете на 180 степени, околу 25-30 минути. Оставете да се олади и пандишпанот пресечете го на пола (надолж).
3.На пареа, растопете го чоколадото заедно со млекото. Тргнете го настрана ,додадете желатин и ситно искршени лешници. Слатката павлака, со миксер, добро изматете ја и измешајте ја со растопеното чоколадо.
4.Врз едниот дел од пандишпанот, ставете го филот и со шпатула добро размачкајте го. Одозгора ставете го другиот дел од пандишпанот.
5.Тортата оставете ја во фрижидер минимум три часа за добро да се олади и стегне.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна