Совршена комбинација од мелени бисквити, сува слива и локум. Ролат идеален да го послужите на чаенка со вашите пријатели, додека муабетите на неформални теми. Верувајте на заминување сите ќе побараат рецепт.
Чоко-локум ролат
By April 17, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 0 min
- Ready In: 20 mins
Совршена комбинација од мелени бисквити, сува слива и локум. Ролат …
Ingredients
- 150 г локум
- 150 г шеќер во прав
- 1 лажица путер (омекнат)
- 180 г бисквити
- 50 г путер
- 50 мл вода
- 80 г суви сливи (малку потопени во вода)
Instructions
1.Во сад, ставете го локумот, шеќерот во прав и една лажица стопен маргарин.
2.Со раце месете се додека на добиете фина, хомогена смеса, слична на тесто.
3.Врз површината за сукање, наросете малку шеќер во прав и смесата од локум расукајте ја во големи на калапот за колач.
4.Калапот обложете го со проѕирна фолија и обложете го смесата од локум. Нежно притиснете ја смесата за локумот да ја добие саканата форма.
5.Во блендер, ставете ги бисквитите заедно со сувата слива. Измелете ги и додадете го путерот и водата. Блендирајте неколку минути се додека не добиете фина смеса.
6.Со смесата од бисквити наполнете го калапот, добро притиснете, израмнете и оставете го ролат да се олади.
7.Оладениот ролат од локум исечкајте го на тенки кришки и послужете го. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна