Фотографија која вреди илјада зборови. Нема сомнеж дека ова е еден од највкусните колачи кои сме го приготвиле до сега, се разбира со главна помош и инструкција на Мама Лиле.
Чоколаден чаен колач
By March 10, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 45 mins
- Ready In: 60 mins
Фотографија која вреди илјада зборови. Нема сомнеж дека ова е еден од …
Ingredients
- 250 г брашно
- 250 г путер
- 200 г шеќер
- 50 г мед
- 2 јајца
- 200 мл слатка павлака
- 150 г чоколадо за готвење
- 25 г какао во прав
- 10 г прашок за пециво
- 1 пакетче ванилин шеќер
- малку бело чоколадо (за декорација)
Instructions
1.Во тенџерче се сипа слатката павлака и се доведува до вриење. Штом зоврие се трга настрана и се додава чоколадото. Смесата се меша додека целото чоколадо се растопи. Се остава настрана да се олади.
2.Во здела се мешаат сувите состојки, брашното, какаото и прашокот за печење. Целата смеса се меша и се сее за да не останат грутчиња.
3.Омекнатиот (не растопен) путер се мати заедно со шеќерот, медот и ванилата, потоа се додаваат јајцата и се продолжува со матењето.
4.Кон изматената смеса се содава оладената чоколадна смеса и сето тоа добро се хомогенизира.
5.На крајот во изматената смеса се додава брашното се меша но не со миксер туку со лажица. Се внимава да не остане неизмешано брашно.
6.Вака добиената смеса се сипа во соодветна тава за печење (јас ја сместив во две помали силиконски, но може и во една поголема, тркалезна или правоаголна, во зависност какава имате).
7.Тавата се става во загреана рерна на 180 степени. Се пече околу 45 минути. Со чепкалка за заби се проверува дали е готова или треба уште печење.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна