А што велите да се разблажиме со една ваква чоколадесто-сладолесто-нескафеста комбинација? Супер десертче, нема што!
Чоколаден колач со нескафе
By August 2, 2012
Published:А што велите да се разблажиме со една ваква …
Ingredients
- 230 г путер
- 220 г кафеав шеќер
- 100 г обичен шеќер
- 2 јајца
- 2 ќесички ванилин шеќер
- 300 г брашно
- 1 кафена лажичка сода бикарбона
- 1 кафена лажичка нескафе
- 1,5 кафени лажички сол
- 230 г темно чоколадо (исечкано на парчиња)
- сладолед по избор
- малку чоколаден прелив (за украсување)
- малку мед (за украсување)
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 190 степени. Во подлабок сад изматете го путерот со кафеавиот и обичниот шеќер додека не се изедначи смесата, а потоа додадете ги јајцата и ванилиниот шеќер и мешајте уште малку.
- 2.Во посебен сад измешајте го брашното, нескафето, содата и солта, а потоа додавајте малку по малку во смесата со брашно и матете постојано.
- 3.На крајот додадете ги парчињата чоколадо, измешајте полека со лажица и распоредете ја смесата во тавче за печење кое претходно убаво е намастено со путер или маргарин и посипано со брашно.
- 4.Печете околу 20-тина минути, или додека тестото не биде готово. Откако малку ќе се олади (но додека е сеуште топло) извадете го тестото од тавчето и пресечете го на коцки.
- 5.Секоја коцка ставете ја во посебна чинија за послужување, одозгора ставете една топка сладолед (ние користевме карамела) и испрскајте со малку мед и чоколаден прелив.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна