Тркнете до маркет, купете намирници, повикајте ја сродната душа и заедно спремете си фино десертче. Чоко чизкејк како идеален афродизијак. Задоволството е загарантирано.

Чоколаден чизкејк

By А.А.З. Published: February 8, 2014

    Тркнете до маркет, купете намирници, повикајте ја сродната душа и заедно …

    Ingredients

    Instructions

    1. Чоколадна торта без печење - Подготовка на тесто1.Во пластичен сад измешајте ги мелените бисквитите со 4 лажици какао во прав и 60 грама путер. Мешајте се додека состојките не се соединат.
    2. Чоколадна торта без печење - Тапкање на тесто2.Смесата префрлете ги во округла тава (модла) за торта. (најубаво е доколку користите модла за торта на која и се отстрануваат страничните делови). Смесата добро натапкајте ја.
    3. Чоколадна торта без печење - Маскарпоне3.Во друг сад, измиксирајте го маскарпонето неколку минути, па додадете шеќер во прав и ванилин шеќер.
    4. Чоколадна торта без печење - Маскарпоне и чоколадо4.Чоколадото стопете го на пареа и оставете го неколку минути малку да се олади. Оладено полека додадете го во смесата со маскарпоне (мешајте со миксер на слаба брзина).
    5. Чоколадна торта без печење - Маскарпоне и шлаг5.Со миксер, изматете ја слатката павлака и внимателно додадете ја во чоколадната смеса.
    6. Чоколадна торта без печење - Скоро готова6.Подготвениот крем е спремен. Се што треба да направите е да го истурите врз бисквит подлогата и да го оставите во фрижидер барем 8 часа за да добие цврстина.
    7. Чоколадна торта без печење - Готова7.Пред сервирање, отстранете ги страничните делови на модлата, пресечете парче торта и попрскајте со малку какао во прав.