Совршен спој на чоколадо и кафе. Лесен и едноставен крем кој просто се топи во вашата уста. И не само што ќе ве расони, сигурно ќе ве расположи и ќе ви даде енергија потребна за цел ден.

Чоколаден крем со кафе

By Тетка Биберче Published: January 18, 2013

  • Prep: 20 mins

Совршен спој на чоколадо и кафе. Лесен и едноставен крем кој просто се …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во сад, на пареа, растопете го чоколадото и путерот. Додадете го и кафето, добро промешајте и тргнете го настрана.
  2. 2.Во друг сад, на пареа, со метална маталка, добро изматете ги жолчките заедно со румот, шеќерот и водата. Мешајте околу 3 минути се додека не добиете компактна смеса.
  3. 3.Откако двете смеси ќе се оладат, помешајте ги.
  4. 4.Во поголем сад, изматете ги белките со прстофат сол и една лаќица шеќер се додека не се добие сјајна и цврста смеса.
  5. 5.Внимателно, од смесата со белките додавајте во смесата со чоколадо и мешајте со лажица се додека не добиете хомогена смеса.
  6. 6.Кремот префрлете го во соодветен садчиња и оставете го да се олади во ладилник барем неколку часа.