За сите вистински љубители на чоколадата, денес правиме чоколаден куглоф. Без никакви дилеми, ова е чоколадото во едно од своите најдобри изданија.
Чоколаден куглоф
By December 12, 2012
Published:За сите вистински љубители на чоколадата, денес правиме чоколаден …
Ingredients
- 250 гр чоколадо за готвење
- 250 гр путер
- 250 гр шеќер во прав
- 4 јајца
- 1 ванилин шеќер
- 2 супени лажици брашно (тип 400)
Instructions
1.Путерот и јајцата извадете ги од фрижидерот барем 1 час пред да го правите колачот за да дојдат на собна температура (многу поубаво се матат).
2.Во подлабок сад изматете го путерот со шеќерот. Откако смесата ќе се изедначи, додадете ги жолчките (една по една) со постојано матење, додадете го брашното.
3.Откако се добро ќе се измати и ќе се добие изедначена смеса, додадете го чоколадото кое претходно сте го растопиле на пареа. Измешајте убаво.
4.Во посебен сад матете ги белките додека не добиете цврста пена (шне). Во текот на матењето додадете неколку зрнца сол за да ја направите пената подобра.
5.Измешајте ги заедно двете смеси во подлабок сад. Мешајте со лажица (никако со миксер), со користење на нежни, кружни движења (за да не ви падне пената).
6.Модлата за печење намачкајте ја убаво со путер, а потоа посипете ја со брашно (доколку сакате можете да ја посипете и со обичен шеќер-кристал). Истурете ја смесата во модлата.
7.Печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути а потоа уште 10 минути со изгасена рерна. Колачот е подеднакво вкусен и топол и ладен. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна